Koja e најздравата температура за вашиот простор!?
Најчест совет е дека температурата од 21-22 °C е идеалната и најздравата внатрешна температура, низ целата година. Сепак тоа е индивидуално за секого, потоплата околина можеби е подобра за бебиња, постари луѓе и болни лица додека пак на други им е жешко поголемиот дел од времето при ваква „нормална“ температура.
Затоа, кога се обидувате да ја најдете „идеалната“ температура, првото прашање што треба да си го поставите е колку топол треба да биде вашиот дом за вас и за другите што живеат под истиот кров и да се обидете да најдете некаква средина што ќе им одговара на сите.

idealna temperatura

1. Што ако биде претопло?
Околината во којашто живееме директно влијае врз нашето здравје, сигурно сте приметиле дека ни е тешко да заспиеме кога е претопло. Децата особено се чувствителни на собна температура – за некои премногу топол воздух (а со тоа и пресув воздух) предизвикува потешкотии во дишењето, што доведува до посериозни респираторни проблеми.
И постарите луѓе потешко се справуваат со превисока собна температура, а преголемата топлина се смета за силен фактор при предизвикувањето инфаркт, срцев удар или астма.
Преголемата топлина предизвикува и поголеми трошоци. Дури и оние што не се засегнати со пари не треба да користат непотребна количина од изворите за греење.

2. Што ако е преладно?
Сите ние познаваме некој што сака да им кажува на луѓето да се „стуткаат“ под ќебе наместо да користат греење–тоа е штедлив пристап на работите во животот.
Другиот аспект овде е удобноста. И прениската температура може да предизвика потешкотии при спиењето и при концентрацијата за учење и работа. Треба да го имате ова предвид ако живеете со некој што е студент или што работи од дома.
Прениската температура може да предизвика болки во мускулите и замор, затоа што телото не може да се релаксира кога постојано се напрега на ниска температура. И апетитот се зголемува кога времето е поладно, па се случува да се прејадеме кога се обидуваме да се згрееме. Тоа е можеби и причината што често се обидуваме да ги симнеме „зимските килограми“ кога ќе дојде пролет!

3. Како да постигнеме оптимални услови?
Како што наведовме претходно, „вистинската“ температура зависи од домаќинството. Инсталирањето квалитетена топлинска пумпа ќе значи еден чекор понатаму, но потребно е и да го спречите провевот во домот, да ја проверите изолацијата, да поседувате доволно лесна постелнина и да го поставите термостатот на долниот крај од договорениот опсег на температура. Не можете да ги контролирате годишните времиња, но можете да ја контролирате удобноста во вашиот дом.
Топлотните пумпи се најефикасен начин да го згреете домот преку зима.
Контактирајте не за избор на најсоодветна топлинска пумпа за вашиот дом.
Зголемен комфор со намалени сметки за струја, зарем не ви звучи совршено!?

 

 

Предрасуди за подното греење кои ќе ги разјасниме

podno greenje mitovi

1. Подното греење прави да ви отекуваат стапалата
Порано, кога се почнуваше со употреба на подно греење, собната температура можеше да достигне повеќе од 35°C, а тогаш стапалата може да ви отечат. Но со денешните современи системи и модерни термостати  тоа повеќе не се случува, особено ако куќата има добра изолација. Поточно, комбинацијата од подно греење и топлинска пумпа овозможува системот и да лади, што е дополнителна придобивка во летните месеци.

2. Подното греење е поскапо од радијатори
Вистина е дека цената за поставување на подното греење е 30% поскапа отколку за вообичаените радијатори. Но подното греење е инвестиција што се исплати на подолг временски период. Затоа што системот е енергетски поефикасен и бара помалку одржување, корисниците плаќаат помали сметки за енергија и имаат пониски трошоци за целиот систем отколку за вообичаените радијатори.

3. Подното греење е штетно по здравјето
Напротив, подното греење го спречува циркулирањето на честичките прав, коишто може да предизвикаат алергии или гадење. Станарите имаат придобивки и од подобрата влажност и поздравата околина без честички прав и мувла, што е особено подобро за луѓе што подлежат на алергии и имаат проблеми со дишењето.

4. Куќа со подно греење никогаш не се затоплува
Системот работи за да распредели топлина подеднакво низ целиот под, за да се достигне собна температура од 25°C. Станарите може и да го постават термостатот неколку степени пониско без да се грижат дека губат топлина. Подното греење создава доволно топлина за да се создаде удобна средина, иако е точно дека подното греење не произведува топлина колку вообичаен радијатор.

5. Подното греење технички е електрично греење
Подното греење работи на постојано ниска температура, па затоа топлинска пумпа во системот би била идеален избор. Топлинската пумпа има потреба од малку струја (3-5пати помалку зависи и од обновливата енергија).
6. Подното греење се поставува само во подот
Можеби е за изненадување, но подното греење може и надвор од подот. Може да се постави и во ѕидовите или таванот, за да може уште побрзо да ја загрее собата. Сè на сè, подното греење не зафаќа дополнителен простор, па затоа може лесно да се вгради во секој модерен ентериер.

 

 

Топлински пумпи, појава и употреба

toplinski pumpi pojava i upotreba

Низ изминатите години со развојот на инвертер технологијата се појавија уреди за климатизација со голем дијапазон на употреба при многу ниски и многу високи температури. Таа позиција ја употребија производителите на клима уреди за да ги произведат Топлинските пумпи.

Тие се светска најсофистицирана, најекономична и најеколошка технологија за греење на домови и објекти која обезбедува најголема енергетска ефикасност.

Топлинските пумпи имаат употреба за греење во нови и реновирани домакинства со заштеда на потрошувачката на електрична енергија до 75% за разлика од класичните уреди за греење како и екеолошки прифатливи за разлика од уредите на фосилни горива.

Се аплицитраат заедно со подно греење, радијатори, вентилконвертори(фен-којлери ) и за добивање на толпа санитарна вода до 80 степени. Работниот опсег на топлински пумпи се движи од -20C do +40C.

Топлински пумпи има со различни големини за различни потреби, а за употреба во домакинствата највеке се користат од 8кW до 16кW  за загревање на простории во зимскиот период и производство на топла вода за санитарни потреби.

За употреба во големи објекти се користат комерцијални уреди со огромна моќ или се користат повеке мали системи врзани во систем.
На нашата веб страната ќе најдете повеќе модели од високо квалитетни брендови со цел да ви понудиме голем асортиманот на повеке производители и повеке варијации на моќност и цени.

 

Избор на производи

Избор на систем за греење и ладење

Секоја куќа, стан или објект е уникатен сам по себе, изборот на топлинска пумпа и елементи за греење и ладење е најбитно е да го направите заедно со стручна консултација каде ќе се земат предвид сите значајни параметрите за објектот - Локација, квадратура, спратност, изолација (дали има и кој вид), столарија(ПВЦ, дрвена, стакла двослојно/трослојни) и дали веќе постои некој систем за греење или грејни тела.

Грижа за нашите клиенти 24/7 е секогаш дел од нашата понуда на производи и услуги. Слободно контактирајте не да го направиме најдобриот избор.

избор производиТоплински Пумпи :

  • Воздух-воздух ( клима уреди )

    • Моно сплит

    • Мулти сплит

  • Воздух-вода

    • Сплит изведба ( надворешна/внатрешна единица)

    • Компактна изведба ( моноблок- се е во надворешната единица)

  • Вода-вода ( на локации каде има подземни води со проток поголем од 1Лит/с )

Грејни тела и предаватели на топлина :

  • Радијатор

    • Панелни

    • Алуминиумски

  • Вентилоконвектори ( фенкојлери )

    • Парапетни, касетни, високозидни и каналски

  • Подно и зидно греење и ладење

Топлински Пумпи :

  • Воздух-воздух ( клима уреди )

  • Воздух-вода

  • Вода-вода

Грејни тела и предаватели на топлина :

  • Радијатори

    • Панелни

    • Алуминиумски

  • Вентилоконвектори ( фенкојлери )

    • Парапетни, касетни, високозидни и каналски

  • Подно и зидно греење и ладење

 

 

 

Есен, припрема за зима

Со пристигнување на есента,  започнува и грејната сезона.
Еве како да ја дочекаме спремни:

 

esen priprema za zima1. Тестирајте го вашиот систем за греење
Вашиот систем за греење треба да биде првото нешто што го проверувате на почетокот на есента. Препорачливо е да направите тест со вклучување на термостатот во режим на греење  и поставување на саканата температура.
Ако вашиот уред за греење функционира, треба набрзо да се почувствува загревање на воздухот и грејните тела ( радијатори, вентилконвектори, клима уред и сл.).
Свртете го термостатот назад кон првобитното поставување и исклучете го уредот. Направете ја оваа проба  најмалку три пати наутро, попладне и особено ноќе.

 

2. Проверете го клима уредот
Ако имате друг систем за загревање, препорачуваме да го проверите и вашиот клима уред во режим на греење.
Пред уклучување на климатизерот во режим на греење, исчистете ги филтрите и внатрешниот дел од климатизерот.
Препорачливо е чистење и дезинфекција на клима уредите  двапати во текот на годината , односно на почеток на грејната и ладилната сезона.

 

3. Проверете ја изолацијата на вашиот објект
Во текот на летото односно од прекинот на грејната сезона до почетокот на новата, можно е да настанале промени на изолацијата и фасадата на вашиот објект.
Направете визуелен преглед на објектот  и отстранете ги можните дефекти или повикајте соодветен сервис.

 

4. Проверете го покривот, вратите и прозорците
Не заборавајте ги  деловите на вашата дом што се изложени на надворешни влијанија. Проверете го покривот и состојбата на покривните елементи,  за да бидете сигурни дека водата, стопениот мраз и снег  нема да протечат во внатрешноста на објектот.
Проверете дали вратите и прозорците добро се отвораат и затвораат и дали добро налегнуваат-дихтуваат.
Во спротивно, поставете од флексибилната изолациона трака која ја има во секоја продавница за техничи материјали.

 

 

Контактирајте не ако имате прашања за вашите енергетски услови за греење и ладење.
Може да ви препорачаме економичен систем, кој ќе овозможи удобност и комфор во вашиот дом.
Енерги Мап ќе ви помогне во одржување на вашите системи за греење, спремни да ги дочекате оваа есен и зима.

 

Copyright © 2024 Toplinski Pumpi. All Rights Reserved. 2018 Web Design & Develop by Elco.